Православните верници денес го празнуваат Свети Ѓорѓија (посен). По тој повод во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.