Претставата „Приказните на заборавените претци“ вечерва пред охриѓани

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, во соработка со Народен Театар Слојштица Ве покануваат на тетарска претстава „Приказните на заборавените претци” – според приказните на Дедо Илија Кочовски. Претставата ќе се изведе вечерва, со почеток во 20.00 часот. Влезот чини 100 денари.

Претставата е во режија на Андреј Цветановски, а играат актерите: Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски.

Оваа претстава ја имаше својата премиера на 28-ми август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот кој се одржа по десетти пат.