Од денес календарски започнува зимата

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне денес во 11 часот 44 минути, а во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени.

Зимата ќе заврши на 20 март 2017 година.