Вчера околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.