Македонија 34-30 Тунис

Македонската машка ракометна репрезентација денес со победа против Тунис од 34-30 го започна настапот на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција.

Избраниците на Лино Червар и покрај тоа што губеа на полувреме со еден гол разлика 13-14, сепак во второто полувреме, особено во последните 10 минути успеаа да прикажат далеку подобра игра од противникот за на крајот сосема заслужено со победа од 34-30 да го започнат ова Светско првенство.

Во нашата група Б Словенија ја совлада Ангола со 42-25, додека пак Шпанија го совлада Исланд со резултат 27-21.

Наредниот натпревар Македонија ќе го игра против Ангола во сабота на 14 јануари со почеток во 20:45 часот

WebOhrid