ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?!
Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична.
Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото.
А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат.
Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото?
Од кого и за што?
Брзо ќе се дознае!
Укажуваме дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство и сите штети по езерото се противзаконско дело!
Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на безобразниот однос кон Охридското Езеро.
Секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија, ќе одговара.“- стои во соопштението.