Приведен вевчанец кој нападнал полициски службеник

НККР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(51) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.

На 04.02.2017 околу 12,15 часот од страна на полициски службеник, додека преземал службени дејствија во рамки на редовното работење кои што се состојат од конторола на безбедноста во сообраќајот во Струга бил физички нападнат од страна на К.Р. на начин што кога од страна на службеникот му било кажано дека ќе му биде издаден мандатен платен налог за сторен сообраќаен прекршок пријавениот најпрво почнал агресивно да се однесува викајќи на висок тон, а во еден момент физички го нападнал удирајќи го во пределот на рака со цел да му ги земе документите, а бидејќи не успеал да му ги земе документите уште неколку пати го удрил по рацете, при што полицискиот службеник се отргнал од К.Р. кој се обидел да избега и во тој момент бил приведен.