Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 15-ти февруари (среда), во црквата „Успение Пресвета Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“, со почеток во 08:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.