Голем успех на основците од ,,Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа IV Oпштински натпревар по математика 2016/2017 година. Помеѓу другите, учениците од ОУ„Живко Чинго“, Велгошти на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати.

Ова се наградените ученици:

1. Стефанија Речкоска IV одделение Meнтор: Љубица Ангелоска Кркачоска II место

2. Ангела Китрозоска IV одделение Meнтор Љубица Ангелоска Кркачоска III место

3. Марио Велкоски IV одделение Meнтор Елена Јорданов III место

4. Софија Балоска IV одделение Meнтор Елена Јорданов пофалница

5. Маја Буџакоска V одделение Meнтор Весна Атанасоска II место

6. Матеа Билбилоска V одделение Meнтор Весна Атанасоска II место

7. Александар Трпески VI одделение Meнтор Славијанка Дојчиноска I место

8. Анастасија Кецкароска VI одделение Meнтор Славијанка Дојчиноска I место

9. Јован Маркоски VI одделение Meнтор Славијанка Дојчиноска II место

10. Наталија Секулоска VI одделение Meнтор Славијанка Дојчиноска I место

11. Николина Каралиева VII одделение Meнтор Славијанка Дојчиноска III место

12. Екатерина Бочвароска VIII одделение Meнтор Виолета Јоновска Бурјакоска I место

13. Ангела Јовческа VIII одделение Meнтор Виолета Јоновска Бурјакоска II место

14. Јонатан Милески IX одделение Meнтор Виолета Јоновска Бурјакоска пофалница

Учениците се стекнаа со поголеми искуства и успеси, како и со право за учество на Регионалниот натпревар,  што ќе се одржи во месец април.

Директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, како и вработените упатуваат честитки до сите наградени ученици со желби за понатамошни успеси.

WebOhrid