Етно-групата „Монистра“ ќе одржи концерт во Охрид

На 22-ри Ноември (сабота), во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт на етно групата „МОНИСТРА“. 

Етно бенд „Монистра” е основан во 2002 година. Сите членови на групата Монистра се дипломирани музичари од Факултетот за музичка академија Св. „Кирил и Методиј”- Скопје. Бендот свири македонската етно музика со користење на традиционални инструменти. Музиката е збогатена со современи аранжмани. Во минатото имаат одржано концерти и настапи во Македонија како и на меѓународни фестивали. Етно групата Монистра е успешен презентер на македонската етно музика.

Бендот го сочинуваат: Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда Филип Николовски – тамбура Јован Стрезоски – тамбура, Марјан Андоновски – перкусии (тапан, тарабука) Дамјан Зифоски – перкусии Габриела Јанушевска – вокално Борче Ѓоргиев – клавиjатури.

Влезот чини 100 денари.