Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.К. (29) и Б.К. (26), двајцата од Дебар.
Пријавените, казненото дело го сториле на втори минатиот месец во 19 часот и 45 минути на улицата „Таса Мартиновска“ во Дебар. Тие започнале со нарушување на јавниот ред и мир и вербална расправија со Р.М. (40) од Дебар која набрзо прераснала во тепачка. Од здобиените удари, Р.М. се здобил со повреди на главата, потрес на мозокот и фрактура на левата надклактица од раката.
Повредите биле констатирани во Општата болница во Дебар, од каде, по дадената неопходна медицинска помош и заради сериозноста на повредите, Р.М. со амбулантно возило е пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.