Македонските традиционални јадења ќе станат дел од Европското мени

Агенцијата за храна и ветеринарство потпиша договор со Европската Агенција за безбедност на храната – ЕФСА за реализација на проект за спроведување на истражувања на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст, кој ќе го реализира во соработка со Институтот за јавно здравје. Истражувањата ќе се спроведат согласно европската методологија за ваков вид истражувања.

Со проектот, кој за прв пат ќе се спроведе во земјава, како дел од истражувањето за навиките во исхраната кое ЕФСА го спроведува неколку години во земјите членки на Европската унија, за прв пат, покрај навиките во исхраната во РМ за одредената категорија лица, и македонските традиционални јадења, како дел од националното мени, ќе станат дел од таканареченото ЕУ мени.

Истражувањата ќе се спроведат согласно европската методологија за ваков вид истражувања.

Со проектот, кој за прв пат ќе се спроведе во земјава, како дел од истражувањето за навиките во исхраната кое ЕФСА го спроведува неколку години во земјите членки на Европската унија, за прв пат, покрај навиките во исхраната во РМ за одредената категорија лица, и македонските традиционални јадења, како дел од националното мени, ќе станат дел од таканареченото ЕУ мени на храна.

Во рамки на проектот, стручни лица ќе извршат над 1000 анкети за навиките во исхраната, со која ќе бидат опфатени две категории деца, од 1 до 3 и од 3 до 9 годишна возраст. Во тек е подготовка на анкетните прашалници, а за реализација на активностите предвидени со овој проект, ќе биде набавен и специјално дизајниран софтвер, во кој согласно методологиите на Европската унија и ЕФСА ќе се обработат собраните податоци од анкетите, со кои ќе бидат опфатени навиките во исхраната во рамки на 4 годишни времиња.

По обработката, податоците ќе се пратат во ЕФСА и ќе станат составен дел од истражувањето на навиките во исхраната во одредени земји, за различни категории лица, кое Европската агенција за безбедност на храната го спроведува во ЕУ.