Благодарение на двете победи од по 3:0, едната против Лихтенштајн во квалификациите за Светско првенство, а другата на пријателскиот натпревар против Белорусија, Македонија конечно забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа Македонија сега се наоѓа на 133 место.
Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде Бразил се искачи на првото место, а со тоа Аргентина падна на второто место, додека пак Германија остана на третото место.
Најголем скок изминатиот месец забележа токму репрезентацијата на Македонија од +33 места се искачи на 133 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Либерија од -39 места и се најде на 141 место.
WebOhrid