Велигденски панаѓур во ОУ „Григор Прличев“

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово (Велигден), денес традиционално во ОУ „Григор Прличев“ се одржа Велигденски панаѓур.

На панаѓурот, на кој беа изработени творби од вредните раце на учениците, најмногу можеше да се забележат кошнички, декоративни и креативни Велигденски јајца, украси, но и се она што е поврзано со празнувањето за овој празник.

Собраните средства од продадените производи ќе бидат донираат за хуманитарни цели.

WebOhrid