Прво место за ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по информатика

На Регионалниот натпревар по информатика кој се одржа на 03.05.2017 година учествуваат и ученици од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти Охрид, при што ги постигнаа следните резултати:

На натпреварот ученикот Томче Дукоски од 7 одделение го освои првото место, под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ и ученичката Анастасија Кецкароска од 6 одделеение доби Пофалба за успешно учество, исто така под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ.

Ученикот Томче Дукоски се здоби со право за учество на Државниот натпревар.

„Честитки за учениците кои учестуваа на Регионалниот натпревар по информатика. Му посакувам голем успех на ученикот Томче Дукоски на Државниот натпревар, а воедно упатувам честитки и до менторот“.- вели директорот на ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, Ѓоко Чингоски.

WebOhrid