Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Кичево – Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што рано утрово во 01 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Трапчин Дол. На лице место починал Шукри А.(60) од истото село.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Опел Астра“ движејќи се во правец Кичево-Гостивар, со предната лева страна го удрил сега починатиот Шукри А. кој се движел на магистралниот пат. Возилото „Опел Астра“ имало кичевски регистарски таблици а било управувано од А.С. (64) од кичевското село Букојчани.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Кичево.

За време на увидот, магистралниот пат Кичево-Гостивар до 03 часот беше запрен за сообраќај за тешки товарни возила додека за лесни возила, сообраќајот се пренасочување низ локалниот пат во селото Трапчин Дол.

Дополнително врз патничкото моторно возило „Опел Астра“ ќе се изврши вонреден течнички преглед.