СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.
На 23.07.2016 пријавениот на негов пријател П.Н. од Скопје му овозможил користење на својот патнички автомобил „Опел Астра“ заради оддавање на опојна дрога, односно психотропна супстанца амфетамин. Настанот се случил на паркинг пред дискотека кога П.Н., по претходен договор со А.М., влегол во неговиот автомобил и конзумирал психотропна супстанца- амфетамин.