Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради изведба на нов водоводен приклучок на ул. „Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците „Гоце Делчев“ (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин, Стив Наумов и Кирил и Методи.
Прекинот ќе биде во период од 08:30 часот до 14:00 часот.