Стружанец крадел алкохолни пијалоци од маркети

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (29) од Струга.

Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Кражбите ги вршел во згодна прилика користејќи погоден момент, по што противпправно одземал алкохолни пијалоци. Б.П. е фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“.