Сопственик и управител на погребално претпријатие од Охрид телата ги чувал во возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба”.

Пријавениот, во својство на сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон” од Охрид, кое е овластен оператор за вршење погребални услуги, подолг временски период работел на начин што (за да има поголема добивка) починатите лица, за кои вршел погребални услуги, наместо да ги однесе во капела ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие и другиот ден ги пренесувал и ги погребувал по селата, а на семејствата на починатите, за превоз до градските гробишта, влез во градските гробишта и чување на телото на починатите лица во капела, им наплаќал одредена сума на пари.

Пријавениот, согласно Закон за гробишта и погребални услуги, бил должен телата на починатите лица да ги однесе на чување во капела во ЈП „Градски гробишта”, да ги подигне од таму и да ги транспортира до гробиштата каде што е закажан погребот.