Школата на Барселона доаѓа во Охрид

Од 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на Фудбалскиот Клуб Барселона.

Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“.

Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени:

  • тренинзи со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА
  • осигурување од повреди за време на тренинзите
  • хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек, ручек, вечера плус ужина и пијалок
  • спортска опрема (која не вклучува копачки)
  • транспорт на учесниците на кампот од хотел до терените и назат (два пати на ден)
  • аниматори во хотелот за цело време на кампот

Пријавувањето трае до 10 август.

Пријавување на маил:
fcbescolaohrid@gmail.com

Повеќе информации за кампот на ФБ страната: https://www.facebook.com/FCBEscola-OHRID-1900026710321609/