Кривична пријава за кичевчанец кој ограбил продавница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.Н. (26) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на ден 26-ти јуни оваа година во продавница за прехрамбени производи лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тој, во периодот од 15 до 16 часот, преку отворен прозор над излогот од продавницата, успеал да влезе во внатрешноста и одзел цигари, други производи и 3.000 денари оставени во касата. Со извршување на казненото дело, пријавениот Е.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.