Една вечер поезија, 365 вечери депонија

За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик:

Една вечер поезија, 365 вечери депонија

1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi

1 evening poetry feel, 365 evenings landfill

Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона.

WebOhrid