ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС веќе не минуваат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во која стои:

„СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на охриѓани.

Ниту едно бледо соопштение на неспособниот СДС нема да може да го прикрие фактот дека сака да ги копира проектите на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. Охриѓани на вчерашниот народен во огромна масовност кажаа дека сакаат продолжување на светлата иднина за градот и ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.

Кога СДС зборува и критикува проекти кои се спроведени, се спроведуваат или ќе се спроведат во градот Охрид, несомнено кај нив владее амнезија.

Без ниту тронка срам и морал СДС се дрзнува да зборува за работата на Локалната самоуправа предводена од Д-р Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ без притоа да погледне во мрачното минато од нивното владеење и она што го оставија зад себе токму со владеењето во градот Охрид преку нивниот градоначалник Петрески. За да се препише нешто и направи копија, треба да постои оргинал. Оргиналот за жал с`е уште досега не го видовме, ниту пак во вашите 8 години не го најдовме, а нема ни да го најдеме. Го повикувате Д-р Митко Тилевски, но тој за вас е човек-титан, повикајте се во своите редови и одговорите ќе ги најдете таму каде што според ветувањата за мрачните Ваши 8 години требаше да имаме 8 базени, 8 автобуски станици, 8 катни гаражи, градско пристаниште, зелени пазари и уште многу други работи…што ги немаме а сега ќе има само се правите слепи при свои очи.

Единствената вистина е да се продолжи политиката на лаги, понижување на охриѓани и неспособност да се раководат институциите а со тоа уништување на градот Охрид. Охриѓани многу добро ја препознаваат Вашата стандардна политика со долгогодишните лаги, манипулации и задолжување, урбана мафија, корумпираност и неажурна локална власт на чело со партиски војници.

Она што Охриѓани го очекуваат е јавно извинување на СДС за лажниот живот што го нудеа како и за огромниот број негативности направени кон градот Охрид, но и да изразат јавна благодарност кон ВМРО-ДПМНЕ.

Би требало, во СДС да сте свесни дека народот знае да казнува. И ќе ве казни повторно на претстојните локални избори на 15-ти октомври исто така како на 11 декември но и пред четири години. Охриѓани ги препознаваат добрите намери и постигнатото затоа уште во првиот круг ќе ја дадат поддршката за д-р Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.