Работник од струшко Октиси починал при пад од скеле

На 28.09.2017 година околу 16:45 часот во Гевгелија при изведување на градежни работи на куќа сопственост на А.Д., од скеле паднал С.У.(38) од с.Октиси-Струга, кој бил ангажиран преку фирмата „Мансард“ од Гевгелија.

Од здобиените повреди, на пат кон Здравствен дом Гевгелија, С.У. починал. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и државен инспектор за труд. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.