Како СДС Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари? Дали тоа ќе се прави со експропријација на земја и како таа земја ќе се одзема од сопствениците и најважно по која цена планираат во СДС да ја платат земјава која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците? – запраша на денешната прес-конференција носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски да одговорат пред целата охридска јавност, но посебно пред жителите на Рача и пред сите сосптвеници на имот околу заштитената зона на Студенчишко Блато колку земја ќе се одземе од луѓе кои живеат во Рача а кои земјата ја наследиле од своите дедовци и прадедовци, ја сочувале го нивните фамилии со векови во сите окупаторски власти кои го завојувале овој простор, за сега кандидатите од СДСМ да им ветат дека ќе им ја земат земјата за да прават ново блато. Дали Константин Георгиевски и Јован Стојаноски знаат кој го уништи блатото? Дали двајцата знаат што е ова на сликава?
Ова е целиот градежен шут од урнатата стара библиотека кој се донесе во Студенчишко блато и тука се депонира токму во време кога СДС владееше со градот Охрид во 2008 година. Дали двајцата тие знаат дека и асфалтниот пат на кој стоеше кандидатот за советник Константин Георгиевски е изграден на приватна земја? И дали знае дека сопственикот на земјата може согласно Закон да го огради просторот и патот да се затвори бидејќи минува низ приватна земја? И на крај дали се прашува Коснтантин и Јован кој го изгради патот на таа приватна земја?“ – истакна Пецаков.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до СДСМ да престанат со паушални прес-конференции, непромислени ветувања како она дека секоја месна заедница ќе има од 500 000 до 1 милион денари на расолагање, бидејќи како што кажа тој, за тоа нема законска основа, и апелираат да престанат да вршат девалвирање на јавно кажаниот збор со полнење на медиумите со лажни ветувања и вулгарни изрази пласирани во јавност.
„Граѓаните знаат кој како работеше во Охрид последнава деценија, свежи се сеќавањата на хаосот и финансискиот грабеж и лесно се псоредува со домаќинското и одговорн оработење кое го гледавме последните 4 години.“ – додаде Пецаков.
WebOhrid