Тилевски: Враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија

Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со Светот. Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции. Ова го истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски.

„Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон: – Изработка на стратегија и акционен план за реконструкција и замена на дограма и излози во охридската чаршија (замена на традиционални типови дограма). Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија, преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници за уредување на угостителски тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традициоанална висококвалитетна дограма. – Типизирани тезги Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено-продажен простор во Чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашни тезги на строго определени локации на градот.“– истакна Тилевски.

Тилевски го најави и проектот за Поставување на рекламни билборди со фотографии од стар Охрид.

„Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието не само на туристите туку и на граѓаните на Охрид, со цел враќање во времето низ еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градот. Билбордите ќе се постават на повеќе локации од градот со автентични фотографии како сведоштво за изгледот на градот во минатото. Почитувани, 13 за работа, сигурност и напредок. 13 за проекти мерки и дела за охриѓани. 13 за нова визија за Охрид и продолжување на светлата иднина на Охрид на чело со советниците од редовите на ВМРО-ДМПНЕ и новиот градоначалник. Затоа велиме бројот 13 за секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид!“– додаде Тилевски.

WebOhrid