Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму. Пред вас нека стојат фотографиите и размислите за тоа каква општина беше Дебрца пред само четири години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина. Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца. Ова на денешната завршна конференција го изјави кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски.
„Без вашата доверба не би можело да се реализира ниту еден проект. Затоа пред изборниот молк добро размислете за секоја област, за секој сегмент во општина Дебрца, ќе согледате дека нашата работа беше сестрана и исполнителна. Знаеме дека Секогаш постои можноста повеќе и подобро и кон тоа се стремиме и ќе се стремиме, никогаш не сме размислувале за помалку туку за повеќе, за подобра општина за подобро утре. Секогаш тоа сме го постигнувале со работа и затоа денес можеме пред вас да стоиме и да зборуваме со непобитни факти. Секаде каде што е потребен проект кој треба да се реализира ќе го направиме, тоа е наша должност. Но за да се спроведе сето тоа и во интерес на продолжување и започнување на нови проекти во Општина Дебрца ја барам повторно Вашата доверба, бидејќи на тој начин заедно сплотени ќе ја направиме Дебрца поразвиена. Дебрца тоа го заслужува. Заедно ќе успееме на 15 отомври, само уште неколку часови до она што значи континуитет на преродбеничка Дебрца. “- истакна Трајкоски.
Трајкоски ги повика сите жители на Дебрца, на 15ти октомри во недела во што поголем број да ја поддржат политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, и да ја дадат поддршката за него како повторен градоначалник на Општина Дебрца, како и за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ со носителот Моника Мацеска..
„Тоа е вистинската комбинација за успех и успешна Општина Дебрца. Одиме кон нова победа бидејќи за Дебрца се работи. “– додаде Трајкоски.
WebOhrid