Четвртоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга

Учениците од четврто одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес ја реализираа есенската екскурзија. Тие беа на проштека во Струга. Во рамки на ексурзијата во Струга, ја посетија НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“.

Четвртоодделенците се запознаа со тоа дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Основците имаа можност да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и животински видови, по потекло од Охридското езеро и од околината на Струга и Охрид. Посебна атракција на музејот е примерокот на теле со две глави.

Во изложбата се уредени голем број мали и големи диорами (витрини) во кои се прикажани повеќе видови животни со нивните карактеристични места на живеење.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid/Фото: И.Б.