Владата на Република Македонија на денешната 33 седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот “Пречистителна станица за отпадни води во Скопје”. На денешната седница на владата е разгледана и прифатена информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија. Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување на финансиски средства…
повеќе...Category: Македонија
Работилница „Визија за декарбонизација на Република Македонија- енергетско сценарио за Македонија 2050“
Еко-свест организираше работилница на тема „Визија за декарбонизација на Република Македонија- енергетско сценарио за Македонија 2050“. На работилницата беа поканети релевантни чинители од енергетскиот сектор во Р.Македонија како и носители на одлуки. Целта на работилницата беше да иницира дискусија за декарбонизација на Република Македонија до 2050 година, која би резултирала во соодветни предлози, сугестии и заклучоци од страна на учесниците. Овие предлози и заклучоци ќе бидат земени во предвид при финализирање на студијата и сценариото за декарбонизација на Република Македонија. „Ние имаме должност да престанеме со употребата на фосилни горива…
повеќе...Состанок со Меѓународниот институт за кривично право и човекови права во Сиракуза
Претставници на Царинската управа, денес одржаа состанок со претставници на Меѓународниот институт за кривично право и човекови права во Сиракуза, во врска со проектот „Зајакнување на борбата против недозволената трговија во Југоисточна Европа“ (Strengthening the fight against illicit trade in South Eastern Europe). Планирано е во рамките на овој проект да се спроведе првата сеопфатна студија за предизвиците и препреките во борбата против недозволената трговија, во Република Македонија и во 11 други земји. Во проектот со траење од 24 месеци, чии конкретни активности започнуваат овој месец, ќе учествуваат бројни партнери…
повеќе...Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека на Македонија
Кинотеката на Македонија денес од 11 до 14 часот ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, учениците, колегите од сродните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани, а по повод 27 октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Во Кинотеката денес ќе биде прикажан и филмот „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков од 1923 година, еден од најстарите и најзначајните историски филмски документи од архивата на Кинотеката. Предавање за филмот, ликот и делото на Арсениј Јовков ќе одржи д-р Атанас Чупоски, виш…
повеќе...Одбележан Денот на Обединетите нации: Во Македонија никој нема да биде изоставен
Претседателот на Владата на Република Македонија, денеска учествуваше на свеченоста по повод Денот на Обединетите нации, која беше посветена на иницијативата за зголемување на јавната свест за остварување на 17-те Цели за одржлив развој, усвоени од страна на светските лидери во 2015 година. „Никој да не биде изоставен” беше лајтмотивот на денешната свеченост, на која во присуство на високи претставници на агенциите на Обединетите нации, на претставници на Владата на Република Македонија, на дипломатскиот кор и на граѓанските организации“, со пригодни говори се обратија Постојаната координаторка на ОН во Македонија…
повеќе...Два нови случаи на мали сипаници во текот на оваа недела
Во текот на изминатата недела (21.10 – 27.10.2017) регистрирани се два нови случаи на мали сипаници во Р. Македонија, со што вкупниот број на заболени, заклучно со 27.10.2017 изнесува 19 случаи. Во однос на местото на живеење, 10 (52,6%) лица од заболените живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано од с. Кондово, општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел. Две лица се со место на живеење во Прилеп односно Струга, но привремено престојуваат и работат во Скопје. Едно од пријавените заболени…
повеќе...Нов културен бран: Поп ап АКТО акција денес и утре во Скопје
Фестивалот за современи уметности „Поп ап АКТО акција“, како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, ќе се одржи денес и утре (27 и 28 октомври) во Скопје, во Кино Култура и во Железничка зграда. Во Кино Култура од 20 часот до полноќ ќе се одржи АКТО музички саем. Идејата е, како што велат организаторите од Факултетот за работи што не се учат и од Локомотива, да се продолжи концептот на промоција на нова македонска музика, со посебен акцент на трендот на издавање на македонска музика на…
повеќе...И во 2018 година поддршка од ЕУ за справување со болеста јазлеста кожа
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО,…
повеќе...Средба на министерката Царовска со германскиот амбасадор
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржа средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих. Амбасадорот беше запознаен со реформите во надлежност на министерството, пред се’ во делот на социјалната заштита и мерките за зголемување на вработливоста на младите лица. Царовска се заблагодари за континуираната поддршка од страна на германската влада и доби уверување дека тој процес ќе продолжи и во иднина.
повеќе...Владата денеска ќе ја одржи својата 33-та редовна седница
На седницата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, министрите ќа ја разгледаат информацијата за покренување на иницијатива за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје”. Како втора точка на денешениот дневен ред на седницата на владата е и информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.
повеќе...