Ставрески: Досега 2.667 лица добиле решенија за тарнсформација на работниот однос

Министерството за финансии издаде согласност за трансформација на договорниот во редовен работен однос на 2.667 лица кои работат во институциите на државата. Мерката напредува солидно, вели ресорниот министер Ставрески кој очекува по докомплетирањето на документацијата околу 3.500 луѓе да добијат редовно вработување. „Најголем број од нив има во здравството. Околу 1.360 лица, потоа социјалната заштита и детските градинки каде што околу 500 лица им се трансформираше работниот однос. Во образованието имаме 277 лица. По градови, во Скопје имаме околу 1.600, но и значителен број во внатрешноста. На пример во Битола…

повеќе...

Македонија прва по новоотворени работни места во Европа

Македонија е на прво место со раст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по глава на жител во Европа, а втора е Словачка со раст од 128 проценти или речиси двојно помалку. Ова го посочи премиерот Никола Груевски прашан за коментар за последниот извештај на Ernst & Young во кој се анализираат 43 земји во Европа, колкав раст имаат во бројот на новоотворени работни места по глава на жител во 2014 година споредено со 2013 година, по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево. „Раст од 223 проценти…

повеќе...

Со подобри ИТ вештини до вработување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска и менаџерката на Семос Едукација, Валентина Тасева ги доделија сертификатите за напредни ИТ вештини на 88 невработени лица. „Денес заедно со претставниците од Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги доделиме 88- те сертификати за завршена обука за напредни ИТ вештини за програмери за Cisco, Microsoft, Adobe, Autodesk, Java. За реализација на овие обуки за 88 лица коишто ги завршија изминатиов…

повеќе...

Општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени охриѓани

Со цел стимулирање на социјалната интеграција и побрзо вклучување на пазарот на трудот, општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени лица од Охрид за заварувачи, готвачи и машинисти- фини подесувачи на машини . За таа намена од својот буџет општина Охрид издвои 128 000 денари со што покажа дека во континуитет ја реализира обемната социјална политика. Изборот на струките и професиите за кои се наменети курсевите е определен по претходно направено анкетно истражувања во 25 фирми во Охрид, кои покажале дека најмногу потреба имаат од горенаведените профили. Бесплатни курсеви…

повеќе...

Спасов: Македонија презема сериозни мерки за намалување на невработеноста

Еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите од Југоисточна Европа е невработеноста. Владите во изминатите две децении креираа политики за отворање на повеќе работни места, но потребни се заеднички напори на државите за да се подобрат состојбите. Ова беше истакнато на денешната дводневна регионална конференција за вработување и социјална инклузија во Југоисточна Европа и Труција што денеска започна во Скопје. Според Џихан Султаноглу, помошник генерален секретар на Обединетите нации и регионален директор на УНДП за Европа, просечните нивоа на невработеност во земјите од Западен Балкан се над 20 проценти,…

повеќе...

Над 2 милиони евра за нови вработувања

Со над два милиони евра преку обуки и практиканство, во наредниот период ќе се даде поддршка за интеграција на младите лица до 29 години, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд со цел полесно вработување. Средствата се обезбедени од ИПА програмата на Европската унија за реализација на проектот „Поддршка за вработување млади лица, долгорочно невработени и жени II“, кој беше промовиран денеска во Скопје. „Со овој проект значително ќе се придонесе за надминување на невработеноста и поддршка на околу 5.000 невработени лица од овие категории кои ќе се здобијат…

повеќе...

За еден месец почнува производството на Техникал текстил, ќе вработи 1.000 лица

Германската компанија Техникал текстил за еден месец ќе го почне производството во фабриката што ја гради во ТИРЗ Штип. Првите 50 вработени од планираните 1.000 веќе се на обука во нивната фабрика во Словачка, а веднаш бараат и дополнителни 300 до 400 лица за да ги ангажираат во фабриката во Штип. Сопственикот на Техникал текстил, Јенс Венгланд, денеска со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо го потпиша договорот за реализација на инвестицијата во Македонија вредна над 10 милиони евра, на кое присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Идејата за инвестирање…

повеќе...

Македонија вработува – промовиран владиниот проект за зголемување на вработеноста

Околу 150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години, ќе имаат можност да се вработат со мерките предвидени во владиниот проект „Македонија вработува, што беше промовиран денеска во Владата. Мерките предвидуваат ослободување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок за доход за компаниите кои ќе вработат лица од овие категории граѓани. Тие треба да стапат на сила наредниот месец и да траат…

повеќе...

Груевски: Со новата палета мерки ќе се вработат значителен број на невработени

Охрабрени од одличните резултати на мерката за активно вработување на млади до 29-годишна возраст со ослободување од плаќање придонеси и размислувајќи како да го зголемиме ефектот дојдовме до констатација дека е потребна поголема палета ваков вид мерки за различни возрасни и социјални категории и ранливи групи. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашања. „Ако со една поскромна мерка за ослободување од плаќање придонеси „еден плус еден“ имавме 7.400 вработувања за неполна година со новата…

повеќе...

Шест нови инвестиции со 4.500 директни вработувања, најави Груевски

Шест нови инвестиции кои ќе овозможат 4.500 директни вработувања и уште многу индиректни, најави денеска премиерот Никола Груевски, во обраќањето на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“. Ќе има, како што рече, американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра стационирана во Тетово со 2.500 вработувања во тој регион. Друга веќе неформално потврдена инвестиција ќе има Василево, во капацитет за производство на материјали во рударство и градежништво. Пред две-три недели, информира премиерот, Владата одлучила да издаде уште една концесија за проширување на сопственикот на сегашниот рудник…

повеќе...