Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача

Утре, со почеток во 16 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на населените места Коњско и Рача. Агендата на посетата е следна: – 16 часот – с. Коњско – 17 часот – с. Рача Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Генералниот секретар на СДСМ Спасовски ги посети жителите од Теарце на Денот на гравот

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска ги посети жителите на тетовско Теарце, каде по петти пат се организирана манифестацијата Денот на гравот. Со жителите на Теарце и околните населени места од овој регион под Шара, Спасовски разговараше за можностите за брендирање на локалните производи, како што е познатата сорта грав тетовец. Покрај промоцијата на препознатливиот белег за овој регион, жителите на Теарце го покажаа своето гостопримство и го споделија искуството во подготвување на традицоналните специјалитети.

повеќе...

Се откажуваат средбите со жителите во Коњско и Рача

Општина Охрид ја известува јавноста дека се откажуваат закажаните средби со жителите на населбата Рача и селото Коњско кои претходно беа закажани од страна на Локалната самоуправа. Оттаму информираат дека истите ќе се одржат во нов термин, за кој јавноста благовремено ќе биде информриана.

повеќе...

Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места: 1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето 2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето 3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда 4. Ботун…

повеќе...