Детското одделение при „Општа болница“ – Охрид ќе добие медицинска опрема

Ротари клубот Охрид е пред крај со реализацијата на проектот: „Медицинска опрема за Детското одделение при Општата болница во Охрид“. Грантот во вредност од 40.245 евра е реализиран со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и клубови – пријатели на Ротари клубот од Италија, Шведска и Србија. Официјалната церемонија од настанот ќе се случи утре на 18 ноември,– вторник. Во 12:00 часот, ќе се изврши примопредавање на опремата во Детско одделение, „Општа болница“ – Охрид. Свои обраќања ќе имаат Руди Муфти – претседател на Ротари клуб Охрид,  Леонардо де…

повеќе...

Ристовски: Училишните спортски клубови за подобро здравје на учениците

Зголемена спортска активност на учениците која треба да резултира со подобрување на нивното здравје е целта на законската обврска за регистрација на спортски клубови во училиштата во државата. Во насока и поддршка на кампањата на Владата за здравје и здрав живот, Министерството за образование и наука целосно се вклучува во активностите поврзани со спортувањето на учениците во насока на подобрување на нивното здравје. Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствуваа на тренинг на новиот кошарскарски клуб…

повеќе...

РК „Охрид 2013“ започна со продажба на блок карти

Ракометниот клуб „Охрид 2013“ започна со продажба на блок карти. Сите заинтересирани картите може да ги набават од билетарата на спортската сала „Билјанини извори“ или од лицето задолжено за продажба на истите, Гоце Спасески 075/ 202 – 333.

повеќе...

Веслачки клуб „Југ“ Охрид – Државен првак на Македонија во веслање за 2014

Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид на ден 24 Август, во неделата настапи на Државното првенство во веслање на Република Македонија што се одржа на Дебарското Езеро во Дебар. На Државното првенсто се веслаше во дисциплините скиф и дубалскул во пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска категорија. Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид освои 10 први места од 13 одржани трки и со тоа стана Државен првак на Република Македонија во веслање за 2014 година. Освојувачи на првите места од ВК „ЈУГ“ Охрид беа следните веслачи и веслачки во следните дисциплини: Климент Трајчески во скиф за…

повеќе...

Членови на охридскиот литературен клуб учествуваа на поетска манифестација во Куманово

Членови на литературниот клуб „Григор Прличев“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од 30-ти јули до 1-ви август учествуваа на традиционалниот поетски митинг во Куманово. Од литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид, во Куманово гостуваа Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Трифун Ѓорѓиески. Додека во Монографијата која ја објавуваат кумановските поети, се објавени творби на уште четворица членови на литературниот клуб „Григор Прличев“, Диелза Речи, Лидија Стефановска, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски. Во монографијата покрај песните на поетите од останатите македонски градови, се објавени и следните творби, на членови на литературниот клуб…

повеќе...