Одржан третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето во Штип се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со водзушно оружје-национална проограма на кој учествуваа 30-тина пионери од повеќе клубови од Кавадарци, Прилеп, Охрид, Битола и Скопје. Еве го пласманот на охриѓани: Поединечна конкуренција-пионерки -Симеона Милеска второ место со резултат од 160 кругови -Трето место за Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови (подобра втора серија) -Четвро место за Стефани Ефтимовска истотака со резултат од 156 кругови, но послаба втора серија. На петтата позиција се пласира Луана Попоски до ЖСК ,,Лихнидос,, повторно со идентичен…

повеќе...

Одржан вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје во Скопје – Охриѓани повторно ја однесоа победата

Во Скопје деновиве се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје, на кој oхриѓани повторно ја однесоа победата. Прво место во екипен пласман-пионерки за стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав на Стефани Ефтимовска со 165 круга, Мартина Кочоска 157 груга и Симеона Милеска со 152 круга. Второ место во екипен пласман за пионерките од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 435 круга, во состав на Луана Попоски со 155 круга, Мила Василеска 140 круга и Срна Аголи со 140 круга. Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се…

повеќе...

Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“, кој функционира во рамките на библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, редовната средба ја посветија на поезијата. Членовите на клубот, во пресрет на Светскиот ден на поезијата, читаа творби и разговараа за литературните списанија и проблемите со кои се соочувала поезијата во изминатите декади и сега. Дел од средбата беше збогатен со читање на извадоци од литературна критика на поетски дела, објавени своевремено во списанието за литература, уметност и култура „Далги“, кое повеќе не се издава во Македонија. Помладите членови беа запознаени со ова списание,…

повеќе...

Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови

Викендов на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“  и ЖСК „Лихнидос“  кои успешно ја започнаа сезоната. Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав на Симеона Милеска,  Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска. Второто место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК „Лихнидос“ во состав наЛуана Попоски, Мила Василеска…

повеќе...

Лајонс клубот „Охрид“ организира работилница за наставниците по англиски јазик

Во рамките на активностите на Лајонс клубот „ Охрид“ , денеска , за наставниците по англиски јазик во основните училишта, се одржа работилница , која е дел од проектот за „е- тестирање како помош при проверка на знаењето и реално оценување на учениците по овој предмет“. На работилницата, за тестирањето во насока на поефективната проверка на знаењето и користењето на веб- страницата www.angliski.mk која претставува генератор на е- тестови по училишната програма за англиски јазик, зборуваше членот на Лајонс клубот „ Охрид“ м-р Ангел Јанев од Образовниот центар „ ПИСИ“…

повеќе...

Доделени пакети со храна и средства за хигиена во Домот за доенчиња во Битола

Ротаракт Клубот од Охрид и Македонската Мисија за Хуманост, денес доделија пакети со храна и средства за хигиена, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во рамките на посетата, беше остварена средба и со директорката на институцијата, Наташа Младеновска – Лазаревска, која истакна голема благодарност за донацијата, во име на сите деца кои се под заштита на оваа установа. Беа договорени и иницијативи за понатамошни активности од ваков вид, кои ќе помогнат во подобрувањето на условите и на квалитетот на живот на децата кои престојуваат таму.

повеќе...

Божиќна честитка на Ротаракт Клубот – Охрид

 Ротаракт клубот од Охрид упати честитка до сите граѓани, по повод Рождеството Христово-Божиќ. „Во предвечерјето на најубавиот ден во Христијанството, кога ангелите го најавија раѓањето на Единородниот Господов Син, Исус Христос, спасител на светот и олицетворение на победата на доброто на злото, дозволете Божјата милост низ отворена врата да влезе во вашите срца, и да ги обедини сите ваши мисли во една, за љубов, здравје, среќа и благосостојба на секое поле! Божиќ е совршен момент да се прослави љубовта кон Создателот, и кон семејството, но и да се креираат спомени…

повеќе...

Новогодишна честитка на Ротаракт клубот од Охрид

Ротаракт клубот од Охрид упати новогодишна честитка до сите граѓани, во која стои: Почитувани, Крајот на годината е секогаш добар повод за сумирање на впечатоците и резултатите од работењето во изминатите 12 месеци, но и добар навестувач на иднината и на нашето подобро утре. Во текот на оваа измината година, членовите на Ротаракт Клубот од Охрид, реализираа повеќе активности со кои придонесоа за подобрување на квалитетот на младиот човек во нашиот град, во духот на идеите втемелени во нашата определба. Во таа насока и со уште повеќе лични вложувања, ќе…

повеќе...

Во недела предновогодишна донаторска забава „Од децата за децата“

Ротаракт Клубот од Охрид во соработка со игротеката „Smiley“, организираат предновогодишна донаторска забава „Од децата за децата“. Оттаму ги покануваат сите кои сакаат, во недела, на 21-ви декември, од 13:00 до 16:00 на предновогодишна донаторска забава. „Донесете ги Вашите деца, внучиња или мали пријателчиња на забава во Игротека Смајли, влезот е бесплатен. Со донираните средства, ќе дадете свој придонес во нашата цел, да ги направиме посреќни децата од загрозените семејства, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.“– велат од Ротаракт Клуб – Охрид.

повеќе...

Одржано Државно првенство во стрелаштво

Во организација на Федерацијата на училишни спортови, а во соработка со стрелачките клубови од Охрид како и Општинскиот стрелачки Сојуз од Охрид, на стрелиштето Бејбунар се одржа државно првенство во стрелаштво на кое учествуваа 70-тина стрелци од основните и средни училишта во државава. Пласманот е следен: Основни училишта-машки 1.Димоски Виктор Oхрид 160 2. Димитар Патчев Охрид 154 3. Петрит Аголи Охрид 131 Основни училишта –Женски 1.Ирина Јованоска 162 2. Викторија Тренческа 154 3.Симеона Милеска Охрид 152 Средни училишта-машки 1.Васко Попоски Охрид 175 2. Стефан Ѓорѓиевски 168 3. Христијан Ангелески 167…

повеќе...