Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во рамките на работната посета на Париз, денеска оствари средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, на која стана збор за досегашната соработка и идните активности меѓу Република Македонија и оваа еминентна организација на Обединетите нации. На средбата беше подвлечен партнерскиот однос што Република Македонија го негува со УНЕСКО и кој се одликува со поддршка на многубројни иницијативи и реализација на голем број проекти во областа на културата, заштитата на културното наследство, образованието, науката, информатичкото општество и животната средина. Канческа-Милевска го изрази своето задоволство…
повеќе...Tag: министерка
Министерката за култура Канческа-Милевска ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во француската метропола. Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј,- 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации. Исто така, во рамките на престојот во Република Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство кој од 5 до 8…
повеќе...Заврши истражувањето на театарот Скупи, почна реконструкција и конзервација
Целосно е завршено археолошкото истражување на гледалиштето и сценската зграда на театарот во Скупи, кое беше реализирано во последните три години, период во кој се пронајдени околу 8.500 вредни артефакти. Како следна фаза почна реконструкцијата и конзервацијата на сценската зграда на овој најголем антички театар, кој има капацитет од околу 9.000 места. Со динамиката на реализацијата на планот за реконструкција на театарот, денеска се запозна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која го посети археолошкиот локалитет Скупи заедно со градоначалниците на Град Скопје и на општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо…
повеќе...Канческа – Милевска: Соработката со Република Италија е на високо ниво
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Рим, во рамките на службената посета на Република Италија и Ватикан, оствари билатерална средба со италијанскиот министер за култура Дарио Франческини. На средбата, министрите за култура се осврнаа на досегашната соработка во областа на културата и разговараа за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји. Министрите за култура оценија дека Република Македонија и Република Италија имаат одлични односи во областа на културата со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и на италијански уметници на манифестациите во…
повеќе...Министерката за култура се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија, Рената Коблер … На средбата, соговорничките се согласија дека Република Македонија и Република Австрија традиционално имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. Канческа-Милевска се заблагодари за континуираната поддршка што Амбасадата на Австрија во нашата земја ја дава за културата и изрази уверување дека македонско-австриското партнерство и понатаму ќе се развива и ќе претставува пример за успешна соработка во полза на културата…
повеќе...Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија
Кинотеката на Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО со пуштање во употреба на новата дигитална опрема за прикажување филмови. Опремувањето на киното со дигитален проектор ќе овозможи соодветна презентација на филмови и на аудиовизуелниот материјал кој Кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство. Новата опрема и реновирањето на киносалата се поддржани од Министерството за култура со 4,1 милиони денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека новиот дигитален проектор наменет за киното во Кинотеката на Македонија…
повеќе...Доистражување на локалитетот Билазора со поддршка од Министерството за култура
Министерството за култура наредната година ќе одвои поголем фонд на средства за доистражување, конзервација и реставрација на јужната партија на владетелската палата во археолошкото наоѓалиште Билазора кај светиниколското село Кнежје. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска го посети археолошкиот локалитет Билазора, посочувајќи дека само тој дел од владетелската палата останал недоистражен. Билазора бил најголем раноантички град во петтиот и четвртиот век пред нашата ера во средиштето на Балканот и е еден од најрепрезентативните локалитети во земјава. „Планираме поголем фонд на средства да насочиме кон активностите на…
повеќе...Дозволи за странци и Центар за книга во една канцеларија на ул. „Македонија“
Странците кои сакаат да инвестираат во Македонија во иднина на едно место ќе може да ја добијат потребната документација за работна и за дозвола за престој, наместо да посетуваат неколку институции. Канцеларијата се наоѓа на улица „Македонија“ бр. 22 и ќе има повеќенаменска функција. Покрај администрација во неа ќе биде сместен и Центарот за книга – проект предвиден со Националната стратегија за култура 2013-2017. Просторот му е доделен на Министерството за труд и социјална политика, градежните работи за реконструкција и адаптација на деловниот простор почнаа денеска и се во надлежност…
повеќе...„Ничија земја“ на Венециско биенале за архитектура 2016
„Ничија земја“ на проектантското биро Стоун дизајн-Скопје и архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски идната година ќе ја претставува Република Македонија на 15. Венециско биенале за архитектура. На Конкурсот на Министерството за култура за учество на Биеналето аплицирал и Архитектонскиот фкултет-Скопје во соработка со Музејот на Град Скопје со проектот на група архитекти „Од другата страна на фронтовите: Приказна на летната школа за архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски“. Светската изложба на архитектонски дела во Венеција ќе се одржува од 28 мај до 27 ноември 2016…
повеќе...Откупени 45 уметнички дела и 18 скулптури на вториот конкурс на Министерството за култура
Четириесет и пет дела од 42 автори се избрани на вториот конкурс на Министерството за култура за откуп на визуелни уметнички дела и 18 скулптури на 15 автори се избрани на конкурсот за откуп на скулптури од галериски формат. Пристигнале вкупно 128 пријави за 313 ликовни дела, а на конкурсот за откуп на скулптури биле доставени 42 пријави за 97 дела. Изборот според утврдени критериуми го направи стручна комисија, во состав: Викторија Васева-Димеска, Маја Неделковска-Брзанова, Сафет Ахмети и Конча Пирковска, а резултатите денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за култура…
повеќе...