„Ничија земја“ на Венециско биенале за архитектура 2016

„Ничија земја“ на проектантското биро Стоун дизајн-Скопје и архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски идната година ќе ја претставува Република Македонија на 15. Венециско биенале за архитектура. На Конкурсот на Министерството за култура за учество на Биеналето аплицирал и Архитектонскиот фкултет-Скопје во соработка со Музејот на Град Скопје со проектот на група архитекти „Од другата страна на фронтовите: Приказна на летната школа за архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски“. Светската изложба на архитектонски дела во Венеција ќе се одржува од 28 мај до 27 ноември 2016…

повеќе...

Обнова на фасада на објект од старата градска архитектура во Охрид

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек се активностите за обнова на фасадата на уште еден објект од старата градска архитектура во Охрид. Станува збор за објект на улицата „Св. Климент Охридски“ бр. 4 во Охрид во кој е сместено Радио Охрид. Проектот за обнова на фасадата на овој значаен објект од охридската староградска архитектура го изработија стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, а неговата реализација треба да започне до крајот на јуни 2015 година. Станува збор за објект кој…

повеќе...

Свечено отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Синоќа во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид свечено беше отворена Интернационална летна школа за архитектура и дизајн што веќе втора година се одржува во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн. На свеченоста присуствуваа и Токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачи на  едно од најиновативните архитектонски бироа во светот.  „Штотуку пристигнавме и немавме прилика да видиме многу од архитектурата во Охрид но ова што се случува тука со летната школа е прекрасна работа. Задоволство е да се биде тука. Веднаш ја…

повеќе...

Започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн

Од денеска во Охрид започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн во што во организација наУниверзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн веќе втора година се одржува во рамките на активностите на Охридско лето.  Во рамките на Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ предвирени се повеќе активности. Врвни светски експерти од областа на архитектурата ќе дебатираат на тема „Преобмислување на метаболизмот“. Меѓу нив и познатите хрватски архитекти Винко Пенезиќи Крешимир Рогина. Свечено отворање на Летната Школа  е утре во…

повеќе...