Претставување на критериумите за учество во овие значајни категории на програмата ,,Креативна Европа’’ … Во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура на Р Франција и Францускиот институт во Скопје, Министерството за култура на 28 април 2015 година во Скопје во Порта Македонија организира Инфо ден за програмата Креативна Европа – потпрограма Култура ( Категории: Мрежи и Платформи). Гостин на настанот ќе биде, г-дин Паскал Брунет, Директор на Канцеларијата за европски културни врски (Relais Culture Europe) од Париз, која меѓудругото е одговорна за спроведување на програмата Креативна Европа…
повеќе...Tag: министерка
МНТ награден со бурен аплауз и овации во Будимпешта
Со бурен аплауз и со овации беа наградени актерите на Македонскиот народен театар, кои синоќа во Националниот театар во Будимпешта, со претставата „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш и режија на Дејан Пројковски, настапија во рамките на второто издание на реномираниот театарски фестивал „Митем“. Изведбата на претставата „Вечната куќа“, која е едно од најкомплексните дела во македонската драматургија, предизвика огромен интерес кај многубројната публика, присутните актери и гости, меѓу кои беше и министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, како и претставници на дипломатскиот кор во оваа земја. На театарскиот фестивалот,…
повеќе...Министерката Канческа-Милевска во работна посета на Унгарија
Во рамките на посетата, министерката за култура ќе има средба со својот унгарски колега Петер Хопал на која ќе бидат разменети мислења и идеи за досегашните активности и идната соработка во областа на културата меѓу двете земји. Македонија и Унгарија негуваат одлични културни врски кои се потврдени и со Програмата за културна соработка за периодот 2014-2016 година, потпишана за време на официјалната посета на премиерот Виктор Орбан на Република Македонија, во декември 2013 година. Во текот на посетата, Канческа-Милевска во Будимпешта ќе реализира и интервју за престижниот весник Magar Hirlap…
повеќе...Средба на министерката за култура со менаџери и уметнички директори на најзначајните институции од областа на културата во Кина
Делегација на менаџери и уметнички директори на најзначајните институции од областа на културата во Кина денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по повод гостувањето на „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг на 28 април во Велешкиот театар за затворањето на 11-тото издание на „Танц-фест“. Канческа-Милевска и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Џеншун на прес-конференција искажаа задоволство од досегашната соработка во културата која ќе се унапредува со идни гостувања и размена на проекти. „Македонија и Кина негуваат одлични релации во областа на културата. Програмата за културна…
повеќе...Канческа-Милевска се сретна со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на работната посета на Париз вчера имаше средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, на која разговараа за досегашната соработка и идните активности, информира Министерството за култура. „На средбата беше подвлечен партнерскиот однос што Република Македонија го негува со УНЕСКО и кој се одликува со поддршка на многубројни иницијативи и реализација на голем број проекти во областа на културата, заштитата на културното наследство, образованието, науката, информатичкото општество и животната средина“, соопшти Министерството. Канческа-Милевска изразила задоволство што за релативно кусо време на Репрезентативната…
повеќе...Министерката за култура во посета на македонското атеље во Меѓународниот град на уметностите во Париз
Во македонското ателје, Канческа-Милевска и Лангле ја погледнаа и изложбата на реномираниот македонски ликовен уметник Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото кој во моментов, со поддршка на Министерството за култура, остварува двомесечен судиски престој во Париз … Mинистерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, која престојува работната посета на Париз, Република Франција, вчера го посети македонското атеље во Меѓународниот град на уметностите каде оствари работна средба со генералниот директор, Жан Ив Лангле. На средбата Канческа-Милевска изрази благодарност до Лангле за досегашната успешна соработка во чии рамки веќе 12 години повеќе од 100 реномирани македонски…
повеќе...Цртежи на деца со аутизам на изложба „Сите бои на љубовта“
„Сите бои на љубовта“ е насловена изложбата на цртежи од деца со аутизам создаденина неколку работилници кои ги организираше Националната галерија на Македонија (НГМ) во соработка со Здружението „Мојот свет“… На изложбата се претставени дел од стотина цртежи на различни теми, изработени во техника акрил, кои се резултатна заедничка работа на децата со аутизам, нивните родители, дефектолози и тимот вработени во НГМ. Поставена е во галеријата Чифте амам по повод Месецот на лица со аутизам, а попладнево официјално ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Целта на овој настан и…
повеќе...Средба на Канческа – Милевска со американскиот амбасадор Бејли
Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска имаше средба со американскиот амбасадор Џес Бејли на која е оценето дека двете држави имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. Канческа-Милевска, како што информираше ресорното Министерство, се заблагодарила за огромната поддршка што Амбасадата на САД во Република Македонија, преку Амбасадорскиот фонд, ја дава за заштитата на културното наследство и изразила уверување дека македонско-американското партнерство и понатаму ќе претставува инспиративен пример за успешна соработка во полза на културата и нејзините вредности. Таа потсети…
повеќе...Македонскиот народен театар го прослави јубилејот
Актерите на Македонскиот народен театар денеска беа публика во гледалиштето и со аплауз ги поздравија гостите што дојдоа за 70-тиот роденден на театарот и кои за момент беа на нивното работно место. МНТ ги изненади своите пријатели, поддржувачи и публика, споделувајќи го она што ним им е најважно – сцената, нивната фабрика за правење соништа. „Овој аплауз е од нас, сите актери на Македонскиот народен театар, целата сценска техника, цела администрација, затоа што седумдесет години бевте заедно со нас, бевте на нашите претстави, со вас зреевме, пораснавме големи и ќе…
повеќе...СОНК и Министерството за култура подготвуваат нов колективен договор
Министерството за култура и Синдикатот за образование, наука и култура ја завршуваат подготовката на предлог-колективен договор за дејностите во културата на национално ниво, кој ќе ги уреди правата и обврските на околу 3.300 вработени во овој сектор кои членуваат во СОНК. Министерката Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на СОНК Јаким Неделков се надеваат на скорешна подготовка на документот, кој потоа ќе оди на јавна расправа која се очекува да заврши на крајот на мај. „Многу близу сме до заокружување на спорните работи кои ни беа пречка за договорање и потпишување на…
повеќе...