Вчера евидентирани првите 13 барања за азил во Република Македонија

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани првите 13 барања за азил во Република Македонија откако стапија на сила измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита. Овие 13 барања се однесуваат на 17 лица од кои 13 возрасни и 4 деца. Сите лица се по потекло од Сирија на возраст од 19 до 57 години. Од нив 6-мина се мажи, а 7 жени. Заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие издаде 992 нови потврди за искажана намера за поднесување на барање за…

повеќе...

За 479 странски државјани издадени потврди за барања азил

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работии издаде 479 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија. Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015 до 02.07.2015 година, вкупно се издадени потврди на вкупно 6.394 странски државјани, од кои, 5.029 се од машки пол, 782 се од женски, 573 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право…

повеќе...

Вчера издадени 657 потврди по основ на барања за азил на странски државјани

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работи издаде 657 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во РепубликаМакедонија. Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015 до 01.07.2015 година, вкупно се издадени потврди на 5.915 странски државјани, од кои, 4.670 се од машки пол, 728 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.…

повеќе...

Нема забелешки од функционирањето на изменетиот Закон за азил

„Република Македонија, Балканот, но и Европската Унија пошироко, се наоѓаат во еден специфичен момент со кој се немаме соочено во блиската историја. Впрочем и податоците на Високиот комесаријат за бегалци говорат дека светот е сведок на еден масовен егзодус и на бројки на бегалци кои досега никогаш не биле регистрирани откако се води официјалната статистика“. Oва меѓу другото го истакна државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска во своето денешно обраќање на јавната расправа посветена на проблематиката на азилот што се одржа во Собранието на РМ а во рамки на 19-тата седница…

повеќе...