„Танец“ успешно го заврши првиот дел од балканската турнеја

Ансамблот „Танец“, кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, го заврши првиот дел од балканската турнеја која се реализира со поддршка од Министерството за култура. По повеќе години, со особен успех и пред многубројна публика, „Танец“ одржа целовечерени концерти во Бар и во Тиват, Црна Гора, од каде што ја започна својата турнеја. Настапите продолжија во Федерацијата на Босна и Херцеговина каде што „Танец“ беше почесен гостин на фестивалот ЦИОФФ во Купрес. По повеќе од 20 години, „Танец“ имаше настапи во: Мостар, Сараево, Стрљаница…

повеќе...

Настап на Ансамблот „Танец“ на Деновите на културно наследство во Обединетите Арапски Емирати

Од 7 до 25 април Република Македонија е почесна земја-учесник во рамките на манифестацијата „Денови на културното наследство“ во Шарџа, во Обединетите Арапски Емирати, каде што македонското културно наследство е презентирано со посебно македонско етно село. Манифестацијата синоќа започна со концертот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ чиј настап беше поздравен со бурен аплауз и особен интерес од страна на присутните. Ансамблот „Танец“ кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, во рамките на овој фестивал, кој секоја вечер просечно има околу 11…

повеќе...

Овој петок концерт на Танец во Охрид

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец”, во петок (25ти март) ќе одржи концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид. Концертот ќе биде со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари. ПРОГРАМА: 1. ТЕШКОТО – Кореографија 2. ТРЕЕНИЦА – Кореографија 3. СУДБО МОЈА – Сузана Спасовска 4. НЕ ВИТКАЈ СЕ СОФЧЕ – Сузана Спасовска 5. МИТРА МОМА ПОПОВАТА – Сузана Спасовска 6. МАЛЕШЕВКА – Кореографија 7. ДОЈДИ ДОЈДИ МАЛОЈ МОМЕ – Пеачки Кор 8. ПОМНИШ ЛИ ЛИБЕ ТОДОРО – Пеачки Кор 9. СЕДНА БАБА…

повеќе...