Пригодни подароци за првороденото бебе во 2017 во Охрид

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес на Гинеколошкото одделение во болницата во Охрид, во име на Општина Охрид, на првороденото бебе во 2017 година, му врачи чек од 10 илјади денари и пригодни подароци. Првороденото бебе во новата 2017 година во Охрид е девојче, прва рожба на мајката Нела Василевска Најденовска, а дојде на свет на први јануари во 14 часот.

повеќе...

Минатата година се родиле 23.260 деца од кои 11 отсто се вонбрачни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 260 деца, од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51.8%, односно, на 100 живородени женски деца 107.6 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (2 176) се регистрирани во месец јули. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања…

повеќе...

Подароци за новороденчињата во Охрид кои се родија во текот на Неделата на Црвениот крст

Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, ОО на Црвен крст на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави,…

повеќе...

Три бебиња родени во една минута по полноќ во Скопје

Машко и девојче близначиња и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје. Бебињата се родените на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ. Извор: meta.mk

повеќе...

Намален бројот на живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.3% и изнесува 6 081 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 0.5% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 4 514 лица, а од нив 41 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 1 567 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените…

повеќе...

Сириска државјанка се породи во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во болница во Скопје се породи мигрантката С.Б.(1996) од Сирија, која на свет донесе машко дете. Сириската државјанка заедно со сопругот претходно поднесоа барање за азил во Р. Македонија и беа сместени во прифатниот центар во Визбегово, од каде што е транспортирана во болница. Во периодот од 08,00 часот на 25.08.2015 до 26.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.168 странски државјани, од кои, 844 се од машки пол, 134 се од женски, 157 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата,…

повеќе...

Девојче е првото бебе родено во 2015 година

Девојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра здравствена состојба. „Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника. Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија…

повеќе...