По 28ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и  Општина Охрид. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари.…

повеќе...

Вечерва во Света Софија „Полска вечер“ на Охридско лето

Во рамките на фестивалот Охридско лето, вечерва во црквата „Св. Софија“ ќе се оддржи концерт насловен како „Полска вечер“ со извонредните уметници и виртуози – пијанистот Славомир Зубрицки, тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Во фестивалската историја на традиционалната Полска вечер на Охридско лето ќе остане запишан концертот со еден од најславните композитори на денешницата – Кшиштоф Пендерецки. Минатата година посебна атракција беше концертот на ексклузивниот гудачки квартет „MozART group“ од Полска. Оваа година , според најавите, уште еден незаборавен концерт кој со сигурност нема да ги остави љубителите…

повеќе...

„Охридска вечер“ во Сараево

Во рамките на посетата на делегацијата на општина Охрид на збратимената општина Стар Град во Сараево, се одржа и туристичко промотивната манифестација „ Охридска вечер“ . Вакви манифестации, како нов начин на промоција на Охрид , досега се одржаа во неколку градови во Европа и Азија.  На промоцијата, на која присуствуваа претставници на туристички агенции и туроператори од Босна и Херцеговина ,се разговараше и за начините за зголемување на бројот на туристите од оваа држава кои би доаѓале во Охрид и Македонија. Вршителот на должност, амбасадор на Република Македонија во…

повеќе...

Фолклорна вечер во чест на „Богојавление – Водици“

Петдневното чествување на големиот христијански празник „Боголавление- Водици„ воОхрид започна синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со хуманитаарен концерт на роднокрајните фолклорни ансамбли. На фолклорната вечер ,која ја организира Локалната самоуправа , настапија роднокрајните културно- уметнички друштва „Ѓердан“ , „ Отекс фолк“ , „ Охриѓанка“ , „ Плетенка“ , „ Илинден„ и „ Филиграни“ . Општинската организација на Црвен Крст ,пред влезот на Центарот за култура постави кутии во кои посетителите можеа да оставаат парични донации. Собраните средства ќе бидат употребени за хуманитарна помош на социјално ранливите категории граѓани.

повеќе...