Проектот „Македонија вработува“ ја одбележа оваа година во делот на отворањето нови работни места и во делот на намалувањето на невработеноста, истакна денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на фабриката за месо и производи од месо „МИК Свети Николе“. Според Спасов, до крајот на 2015-та проектот отвори 11.000 работни места. Вкупно 11.000 семејства добија поголема помош, поддршка, вработено лице, редовни средства за егзистенција, редовни приходи и редовно работно место, а поволностите ги искористија и над 6.600 компании. Проектот продолжува, нагласи, како и заложбите за доближување…
повеќе...Tag: вработувања
Над 2.000 нови работни места со проект за пазарна вработливост
Со 6,25 милиони франци, грант од Швајцарската конфедерација, во наредните четири години во Македонија треба да бидат отворени над 2.000 работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на над 1.000 мали и средни претпријатија. Станува збор за проект „Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)“, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што ќе го спроведува „Свисконтакт“ во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. „Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и…
повеќе...Американски Делфај ќе инвестира 15 милиони евра и 500 вработувања
Американската компанија „Делфај“ од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. Договорот во Скопје за реализаицја на инвестицијата го потпишаа директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и глобалниот директор за оперативни активности на Групацијата Делфај Луси Тоскани. По потпишување на договорот Мизо истакна дека станува збор за инвестиција која ќе се реализира во неколку фази, а првата е во вредност од 15 милиони евра и ќе отвори 500 нови работни места. За неколку години се очекува извозот да достигне над 150 милиони евра годишно. „Со оваа компанија првобитно стапивме во…
повеќе...Груевски: Невработеноста се намали на 25,5 отсто, 13 отсто помалку од 2006
Овој квартал во Македонија се вработени речиси 12.000 луѓе. Трендот продолжува, а невработеноста се намали на 25,5 отсто што е намалување за речиси 13 отсто од периодот кога дојдовме во Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Откако сме дојдени во Владата невработеноста се намалува. Овојпат откако светската и европската криза се зад нас имаме најголемо намалување во еден кваратал, а тоа е за 1,3 отсто. Вработени се речиси 12 илајди луѓе во само три месеци и тој тренд продолжува. Тоа е во месеците јули, август и септември и невработеноста е…
повеќе...Над 5.000 вработувања годинава со мерките за 2015 година
Над 5.000 лица во 2015 година се вработени со мерките за вработување, односно преку обуките, субвенционираното вработувањето и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување на Република Македонија, изјави дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов по денешната посета на СЕМОС центарот за едукација, каде се спроведуваат обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица. Спасов додаде дека 2.000 лица од нив се вработени преку различните видови обуки кои ги реализира АВРМ во соработка со приватни провајдери кои ги обезбедуваат обуките, а околу 3.000 лица се вработени преку…
повеќе...Американска Кап-Кон отвори фабрика во Бунарџик, нови 400 вработувања
Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“, инвестиција од 18 милиони долари на американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-Кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува вкупно 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. „Листата на големи и мултинационални компании од светот кои имаат свои фабрики во Македонија од денеска се зголемува и со американскиот инвеститор Кап-Кон“, рече на свеченоста премиерот Никола Груевски.…
повеќе...Преку проектот „Македонија вработува“ досега вработени 10.100 лица
Преку проектот „Македонија вработува“ досега се вработени 10.100 лица. Проектот се покажа како одличен, оцени премиерот Никола Груевски. „Многу сум задоволен од овој проект. Нашата цел е да се зголеми бројот на вработувања. Работите се движат во добра насока, односно 6.750 фирми имаат вработено со овој проект вкупно 10.100 лица. Бројката расте секој ден, луѓето ги користат и доаѓаат до свое вработување, а значајно е што и компаниите добиваат многу затоа што има многу поволности за компаниите кои што вработуваат преку овој проект“, изјави Груевски. Тој потсети дека станува збор…
повеќе...Спасов: Преку мерката за вработување млади до 29 години отворени 10.750 работни места
Вкупно 10.750 работни места во 5.200 приватни компании се отворија изминатава година преку мерката за вработување млади до 29 години, рече денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на приватната штипска компанија „Кит-Го“. Токму „Кит-Го“, истакна Спасов, со вработени 151 младо лице, е успешен пример за искористување на владината мерка која предвидува една година ослободување од социјални придонеси и персонален данок, како и дополнително уште една година обврска за задржување на младите на работа. Мерката за вработување млади продолжува да трае до средината на март 2016…
повеќе...Насоки за пополнување на конечни поединечни МПИН и збирна МПИН за агенциите за привремени вработувања
Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно. Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година се врши на следниот начин: 1) Клиентски софтвер (образец МПИН) Преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер…
повеќе...Груевски: Вработени 7.500 лица со мерката самовработување, догодина предвидени нови 1.000
Премиерот Никола Груевски оцени дека мерката за самовработување е еден од најпопуларните проекти и се однесува за вработување на лица кои сакаат да почнат бизнис. Досега околу седум и пол илјади граѓани ја имаат искористено оваа мерка и се имаат самовработено преку оваа мерка, истакна премиерот Никола Груевски. „За следната година се предвидува нови 1.000 вработувања преку поддршка на 920 бизниси, со 3.000 евра, а во некои случаи и со 4 илјади евра, како кај поранешните стечајци со кои тие започнуваат бизнис и се самовработуваат. Тоа се обично мали бизниси, но…
повеќе...