Кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга и подрачното основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ од Враништа, денеска, на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Враништа, реализираа сообраќајно превентивна кампања за зголемена сообраќајна безбедност. Во рамките на кампањата, учениците од шесто до деветто одделение, излегоа покрај регионалниот пат и високо ги подигнаа многуте испишани едукативни пораки наменети за возачите на патнички возила кои сообраќаат на регионалниот пат. Децата повикаа на максимална внимателност при управувањето на моторните возила, моторциклите, побараа безбедно учество на пешаците…

повеќе...

Масовен пречек на Заев во струшко: Вие сте спасот за Македонија

„Само Вие сте спасот за Македонија“. Ова што го довикна една жена, проследено со аплауз, беше топло добредојде на претседателот Зоран Заев во струшко. Со него беа генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Александар Кирацовски, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, пратениците Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Васко Ковачевски, општинските раководства на СДСМ од Струга, Вевчани, Враништа, Охрид.  Посетата почна од Струга, по чаршијата. „Јас Албанец, тој Македонец, еве како е можно братство“– го повика еден граѓанин претседателот Заев, да се поздрават, да ја проба неговата…

повеќе...