Конференција за „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“

Мирот, образованието и културниот и религискиот дијалог се темел на благосостојбата на човековото постоење. Културата и образованието се оние фактори преку кои државата се интегрира во светот, благодарение на нив таа станува јасно препознатлива и се идентификува во меѓународниот контекст. Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на Меѓународната конференција „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“ која се одржува во рамките на глобалното одбележување на 70 години УНЕСКО. „Република Македонија, веќе долго време успешно и ефективно е вклучена во големите европски и меѓународни проекти за партиципација…

повеќе...

Нов проект „Унапредување на социјалниот дијалог”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на промоцијата на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” вреден околу 1,3 милиони евра, финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци. Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации е целта на овој Проект на кој исто така се обратија шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси, директор на Меѓународната организација на трудот за…

повеќе...