Одбележан Денот на дрвото и во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

По повод акцијата Денот на дрвото- Засади ја својата иднина, во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, учениците од втора година садеа дрвца, а останатите беа ангажирани во училиштето и училишниот двор, со тоа што се фарбаше дел од фасадата на училиштето, како и дел од училниците. А. Андриоски/Фото: Александар Гугоски

повеќе...

Во ЦОУ „Дебрца“ успешно спроведена акцијата Ден на дрвото

Општина Дебрца се приклучи кон акцијата Ден на дрвото -Засади ја својата иднина која денес се спроведе во училишниот двор во с.Белчишта. Градоначалникот Игор Трајкоски заедно со општинската администрација, директорот на училиштето, Иван Димоски, наставниците и учениците засадија дрвца, со што го разубавија училишиот двор. Акцијата ден на дрвото -Засади ја својата иднина, е поддржана од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), општините и ЈП „Македонски Шуми“.  

повеќе...

Одбележан Денот на дрвото и во ОУ „Св.Наум Охридски“-Пештани

Во рамките на традициоалната есенска еко-акција „Ден на дрвото 2014 година, активно беше вклучено и ОУ „Св. Наум Охридски“-Пештани. Учениците од ова основно училиште го разубавија училишниот двор со засадување на сезонски садници – чемпреси. „Овој гест помогна да се изгради кај нив чувство на општествена одговорност кон животната средина и позитивна еколошки навики.“– вели директорот на училиштето, Илија Стојаноски.

повеќе...

Учениците и вработените од ОУ „Григор Прличев“ се вклучија во одбележувањето на Денот на дрвото

Денес учениците и вработените од ОУ „Григор Прличев“ имаа можност заедно да засадат садници и да го исчистат училишниот двор. „Денот помина во убава атмосфера и учениците извлекоа воспитна поука, дека сите заедно треба да се грижиме за училиштето, дека уредувањето на училиштето и садењето на дрвцата треба да бидат постојана практика зашто овој ден е всушност симбол кој треба да не потсети колку е важна чистата и здрава околина.“- велат од училиштето.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески прв засади дрвце во годинешната акција ден на дрвото – Засади ја својата иднина

Охрид и годинава се приклучува кон традиционалната акција, Ден на дрвото – Засади ја својата иднина, што утре ќе се спроведе на територијата низ целава држава. Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на охридскиот Совет Гордана Коњановска, со директорите на јавните претпријатија и со дел од раководителите на општинските сектори ги засадија првите дрвца во акцијата. „Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани на Охрид, утре да земат учество во оваа акција и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. Радува фактот…

повеќе...