Во рамки на наставната програма по предметот Природни науки учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес беа во посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ Охрид. Заедно со нивните наставнички учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели пецива. Основците посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб и пецива. На крајот учениците беа почестени со вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, секако понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења. WebOhrid
повеќе...Tag: жито
Државата ќе интервенира цената на пченицата да не биде под 11 денари
По 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција ќе добие секој земјоделец што го пријавил производството на пченица. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, ова е една од мерките со кои државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта со оглед дека мелничарите најавија откупна цена од најмногу осум денари. Според Цветков, Министерството ќе интервенира и со помош за складирање на пченицата. Тоа, истакна, ќе ги намали количините…
повеќе...Цветков: Ќе се субвенционираат 50 проценти од каматата за ИПАРД проекти
Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, одлучи Владата на последната седница. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со ИПАРД прогрмата со 75 проценти ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава. Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето…
повеќе...Договорена минимална откупна цена на пченицата
Претставниците на мелничарите и земјоделските здруженија на состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се договорија најниската откупна цена на пченицата да биде 11 денари за килограм. Оваа цена треба да важи за минимален квалитет на пченицата за производство на леб. Државниот инспекторат за земјоделство, по барање на земјоделците, ќе врши дополнителна контрола во мелничките капацитети доколку производителите на жито имаат реакции на проценките за квалитетот на предадената пченица. За оние производители кои не сакаат пченицата веднаш да ја продадат, а немаат сместувачки капацитети,мелничарите им понудија минимални цени за…
повеќе...