Се чистеше во с. Завој и патот кој води до него

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. Завој, како и патот кој води до него. Се косеше тревата по страните и се кастреа трњето покрај патот и неуредната вегетација, со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста за возилата.

повеќе...

Конак Завој

Конакот Завој се наоѓа во срцето на селото Завој, оддалечен на само 16 километри од Автобуската станица во Охрид. Овој конак претставува одлично место каде ќе можете да се одморите, рекреирате и релаксирате, како и да вкусите традиционални јадења од македонската кујна. Кога станува збор за рурален туризам, Конакот Завој е новиот, а може да се каже и најголем бисер во Македонија. Располага со 8 опремени соби и еден апартман. Домаќините велат дека конакот свечено ќе биде отворен до почетокот на месец јуни, до кога се очекува да бидат ставени…

повеќе...

Празникот „Голема Богородица“ одбележан во село Завој

Православните христијани денес го слават празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица. Традиционално секоја година во охридското село Завој, се одбележува овој празник. „Најпрво се носат крстите, а потоа следува традиционален ручек. На крај останува забавата.“- велат организаторите. Годинава присутните ги забавуваа познатите естрадни уметници Новица Василевски и Татјана Лазаревска.

повеќе...