Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од денес, 11-ти до 13-ти (петок), ќе биде во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот. Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.

повеќе...

Кинески медиуми ќе ги презентираат можностите за инвестирање и туристичката понуда на Охрид

Новинари од најпознатите печатени и електронски медиуми како и претставник од Секторот за меѓународна соработка од провинцијата Чунгчин од Народна Република Кина денеска беа во работна посета на општина Охрид. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески кинеските гости ги примија, Претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов. Според домаќините средбата беше добра можност за претставување на туристичката понуда на Охрид и можностите за инвестирање во градов пред кинеските медиуми, но и практично истата е првиот резултат по неодамнешниот работен…

повеќе...

Ставрески: Странските инвестиции отворија 11.000 работни места и извоз од милијарда евра

Влегувањето на странските инвестиции во Македонија, кои се значаен генератор на економскиот раст и вработеноста, се покажа како исправна политика. Во компаниите се креирани 11.000 работни места, а извозот во првите 10 месеци достигна 950 милиони евра и овој месец очекуваме да ја надмине цифрата од една милијарда евра извоз од овие компании. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција оценувајќи дека ова е фантастичен резултат и можност да извезува македонската економија и тогаш кога во Европа и останатите земји во светот екстерната побарувачка…

повеќе...

Најавените инвестиции ветуваат сериозно стопанско заживување на Охрид

Локалната самоуправа заедно со Владата на Република Македонија прави максимални напори за стопанско заживување на Охрид и отворање на нови работни места за охриѓани. Неодамнешниот почеток на производствениот процес на германскиот гигант ОДВ- Електрик чиј број на вработени треба да достигне 1 000 лица ветува многу. Покрај ОДВ –електрик се очекуваат и други инвестиции во областа на индустријата. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески , втората очекувана инвестиција од областа на индустријата се однесува на рестартирање на охридскиот гигант ЕМО со дополнителни 800 вработувања. „За брзо време не за повеќе од…

повеќе...

МЗШВ планира инвестиции во објекти и системите за наводнување на земјоделски површини

Во текот на годинава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водоснабдувањето и системите за наводнување и одводнување, ќе продолжи да работи на чистење на каналите за наводнување, планира законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите, а има изготвено и 10-годишен проект за изградба на нови и санација на постојните системи за што има издвоено околу 200 милиони евра. Сите активности, како што појасни денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостоспанство Михаил Цветков, треба…

повеќе...