Почеток на соработка за професионален ангажман на македонски тренери во Индија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше потпишано писмо за соработка помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и Главниот извршен директор на Глобалната приватна компанија KOOH Sports, Чираг Пател, која е една од водечките компании со седиште во Индија, која обезбедува програми за тренинг по меѓународни стандарди, претставувајќи го спортот како животен стил и можност за развој на професионална кариера. Договорената соработка е во насока на овозможување услови македонски тренери од неколку спортови, како фудбал, кошарка, тенис и технички експерти за физичко образование…

повеќе...

Груевски: Посетата на Индија ги надмина нашите очекувања

Премиерот Никола Груевски ја оцени економско-политичката посета на Индија како повеќе од успешна поради големиот интерес покажан од страна на индиските бизнисмени за можностите за инвестирање во Македонија како и презентацијата на македонската приказна во оваа земја. „Многу сум задоволен од посетата на Индија. Овојпат имавме и една вонредна можност, покрај редовните презентации да вршиме презентација и на за нивни цели организирани економски самити на коишто имаа покането голем број гости, огромен број претседатели на компании коишто многу тешко ние би ги собрале во нашите роуд шоуа. Во едната прилика…

повеќе...

Индиските компании до европскиот пазар преку Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, и владината делегација во чиј состав се и министерот за привлекување на странски инвестиции, г-дин Џери Наумоф, заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев, и заменик директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, г-дин Климент Шекеровски присуствуваа на бизнис форум во градот Џајпур, Република Индија каде беа презентирани можностите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија. Бизнис форумот во градот Џајпур се одржа во соработка со Конфедерацијата на индиската индустрија која е најголемата стопанска…

повеќе...