Денес овластените туристички инспектори при општинскиот инспекторат во координација со државниот пазарен инспекторат извршија контрола на повеќе туристички групи во централното градско подрачје при што беа затекнати нелегални туристички водичи и истите на лице место беа санкционирани од страна на инспекторите. Од општинскиот инспекторат истакнуваат дека ваквите контроли и во иднина ќе продолжат и потсетуваат дека сите туристички групи кои вршат разглед на градот треба да се придружувани од локален туристички водич или придружник согласно законските одредби. Во Охрид регистрирани се околу 90 легални туристички водичи.
повеќе...Tag: инспекторат
Туристичките Инспектори ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем
Овластените Туристички Инспектори согласно законските обврски, ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот Инспекторат (над Уни Банка поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 08 до 15 часот. Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се глоби во износ од 600 евра доколку во одделен случај не плати Такса за…
повеќе...Општинскиот инспекторат ќе исклучува објекти од напојување со струја
Општинскиот Инспекторат заклучно со 7-ми август спровел 70 контроли на угостителските објекти при што се направени записници и казнети се точно 30 објекти со глоби од по 800 евра, заради нарушување на дозволената граница на бучавост. Како што информираат од Инспекторатот и покрај големите контроли и изречените глоби од по 800 евра, некои угостителски објекти продолжувале со неконтролирано пуштање гласна музика и имало случај кога еден угостителски објект е казнет дури 5 пати со по 800 евра глоба. „Иако се бараше начин да се дојде до некое решение кое ќе…
повеќе...